Здружение за сеопфатно образование, спорт и уметност АФИЕСА Штип е доброволно, непартиско, невладино, непрофитно здружение формирано со слободно здружување на граѓани, кое се стреми да:
- постигне добросостојба на популацијата во различни средини преку примена на содржини од областа на образованието, спортот и уметноста;
- да придонесе за унапредување, подобрување, иновирање во сферата на спортот, образованието и уметноста;
- да поттикне и поддржи одржливо искористување на природните ресурси преку едукација на сите возрасни категории;
- да придонесе за подобрување на квалитетот на човечко живеење преку промоција на културни и уметнички вредности, активен и здрав начин на живот и формирање навики за негување на физичкото, емоционалното и менталното здравје кај сите возрасни категории;
- да негува и поддржи квалитетна интеракција и комуникација помеѓу лицата од различни возрасни категории во рамки на нивното заедничко општествено битисување.
НАШАТА МИСИЈА
Нашата мисија е унапредување на добросостојбата на заедницата преку создавање инклузивни програми што поттикнуваат здрави навики, културна свест, креативност и доживотно учење.
АФИЕСА работи за развој на креативноста, спортскиот дух и културните вредности, градејќи општество засновано на здравје, инклузија и одржливост.
НАШАТА ВИЗИЈА
АФИЕСА се стреми да биде водечка организација која преку образование, спорт и уметност создава заедници со висока културна свест, активно и здраво живеење, инклузивност и одржлив развој.
Нашата визија е општество во кое секој човек, без разлика на возраст, пол или етничка припадност, има еднакви можности за личен раст, креативно изразување и активно учество во заедницата.
